Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2018

Мареј ќе почека за хет-трик во Синсинати, Пуле приреди изненадување

Лукас Пуле приреди изненадување на стартот од реномираниот тениски турнир во Синсинати и со победа од 2:1 го елиминира двократиниот шампион Енди Мареј

Според рејтингот на АТП листата Пуле беше фаворит против Мареј и успеа да го победи со 2:1, но британскиот тенисер има многу поголемо реноме во светот на тенисот, па неговиот пораз е своевидно изненадување.
Францускиот тенисер славеше со 6:1, 1:6, 6:4 и го оправда 17. место на светската ранг-листа. Мареј, кој е двоен шампион во Синсинати, долго отсуствуваше од тениските терени поради повреда и падна дури на 375. место, што е нереално, со оглед на титулите и успесите на Шкотот. Тој има три гренд-слем титули и е двократен олимписки шампион. Сепак Пуле беше подобар и ќе игра во следното коло во Синсинати, а Мареј ќе мора да почека барем уште една година за евентуална трета титула на овој турнир.

 

Најнови вести