Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Ѓоковиќ се извлече против Манарино, помогнаа докторите и Господ

Новак Ѓоковиќ повторно имаше здравствени проблеми, но, сепак, успеа да го победи Адријан Манарино со 2:1 на турнирот во Синсинати. Ми помогнаа докторите и Господ, изјави популарниот Џокер по мечот од второто коло

Актуелниот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, имаше тежок меч против Адријан Манарино во второто коло на турнирот во Синсинати, но ги надмина и здравствените проблеми и негативата од еден сет и си закажа дуел со бугарскиот тенисер Григор Димитров.
„Не се чувствував најдобро, но, за среќа, проблемите траеа кусо, само еден сет. Истуркав некако со помош на докторот и на Господ. Сакам да го освојам трофејот во Синсинати, нешто што недостасува во мојата колекција“ изјави Ѓоковиќ. Тој го пофали ривалот Манарино за добрата игра, а и во следното коло ќе биде пред тежок испит против одличниот бугарски тенисер Григор Димитров.
Интересно е тоа што според рангирањето, Димитров е фаворит како петти носител во Синсинати. Ѓоковиќ е фаворит број 10, што се должи на долгото отсуство од турнирите поради операција на лакотот, кое предизвика пад на светската ранг-листа на српскиот ас.

 

Најнови вести