Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Александр Зверев знае да одбере, магнетот за трофеи Иван Лендл ќе му биде тренер

Александр Зверев е еден од најперспективните тенисери на планетата, од него се очекува многу, а Германецот повлече вистински потег со приклучување на легендата Иван Лендл во стручниот штаб

Зверев се наоѓа на четвртата позиција на светската ранг-листа, од него се очекуваат Гренд слем трофеи во иднина, а токму таков човек, со многу титули од најценетите светски турнири, е Иван Лендл. Новиот тренер на Зверев, кој како играч дури 8 пати славеше на Гренд слем турнирите, а имаше многу успех и во тренерската кариера.
Како советник од трибините, на Енди Мареј му помогна два пати да го освои Вимблдон и еднаш Отвореното првенство на САД. Во периодот додека му беше тренер на шкотскиот тенисер, Енди освои и две олимписки злата и беше најдобро рангиран светски тенисер.
До почетокот на оваа година, Хуан Карлос Фереро му помагаше на Зверев да напредува во кариерата, но во февруари дојде до разделба.

 

Најнови вести