Корисничко име Лозинка Пријави се
22.3.2018

Болт и Мурињо подобри од Марадона

Јусејн Болт конечно, на некој начин, ја исполни неговата желба да стане фудбалер. На натпреварот на пријателството под покровителство на „Хуболт“ најбрзиот човек на светот играше рамо до рамо со легендите, а тренер му беше Жозе Мурињо.

Легендарниот Јамајчанец, а покрај него и легендите на фудбалот Марсел Десаи, Патрик Клајверт, Демијан Даф, во Базел одиграа хуманитарен натпревар. Неговата екипа ја водеше Жозе Мурињо, додека на другата страна, предводени од Аргентинецот Диего Марадона, беа Роберто Карлос, Давид Трезеге, Марко Матераци и Ернан Креспо.
Марадона реално имаше подобар тим, но на крајот изгуби. Можеби го збуни присуството на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино. Неговиот тим губеше на полувремето, па и самиот Марадона на крајот влезе на теренот, но не можеше да го промени резултатот.
Болт изјави дека бил воодушевен.
„За мене беше преубаво. Пресреќен сум, конечно ги видов нивните вештини и на теренот. Не е лесно, но е забавно“, изјави Болт.
„Кога го слушам како зборува за фудбалот, помислувам дека тука има многу забава, дека тоа е детска желба и сон, но повторно мислам – не е лесно. Можеби во неговиот случај фудбалот беше поразен од атлетиката во борбата за големиот талент“, изјави Мурињо.

Најнови вести