Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
15.11.2017

Пријателски натпревари: Вечер на ремија

Вчера ширум Европа беа одиграни голем број пријателски натпревари меѓу националните тимови.

Во центарот на вниманието беше дуелот на „Вембли“ меѓу Англија и Бразил, но играчите на двете репрезентации целосно разочараа, натпреварот заврши без голови и без вистински возбудувања.
Но возбудувањата не отсуствуваа во средбата меѓу претстојниот домаќин на Мундијалот Русија и некогашниот светски шампион Шпанија.
Резултатот на крајот беше 3-3, за Шпанците беа досудени два пенала и два пати прецизен беше Серхио Рамос.
На Русите ремито им го донесе Смолов, со голот во 70-тата минута од средбата.
Германците беа домаќини на Французите во репризата на полуфиналето на минатогодишното Европско првенство. Гостите два пати водеа со голот на Лаказет, но Штиндл со погодокот во последната минута се погрижи актуелниот светски шампион да не го изгуби овој натпревар.
Холандија во гости ја совлада Романија со 3-0, Белгија на домашен терен беше подобра од Јапонија со 1-0, Австрија од Уругвај со 2-1, а Португалија и САД ремизираа 1-1.

Најнови вести