Корисничко име Лозинка Пријави се
24.3.2018

Македонија без голови на тестот со Финска

Пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Финска, кој се одигра во Турција, заврши без голови. Нашите репрезентативци не ја победија Финска, но ја продолжија серијата без пораз.

Во текот на првото полувреме и двете селекции доминираа на теренот и играа внимателно со цел да не примат погодок. Најсериозна закана Финците добија од Адријан Адеми, кој на 20 минути пред крајот на средбата сепак не успеа да ја погоди мрежата на противникот.
За Македонија ова беше шести натпревар по ред без пораз, а на последните десет беше поразена само еднаш, и тоа од Шпанците.
Избраниците на Ангеловски во следниот пријателски натпревар, кој е закажан на 27-ми март, силите ќе ги одмерат против Азербејџан.
Македонија: 1. Столе Димитриевски, 4 Кире Ристевски, 5. Аријан Адеми, 6. Висар Муслиу, 8. Езџан Алиоски (87-ма минута Марјан Радески) 10. Горан Пандев (88-ма Иван Тричковски), 11. Енис Барди (66-та Бобан Николов), 13. Стефан Ристовски (90-та Кристијан Тошевски), 14. Дарко Велковски, 20. Стефан Спировски (90-та Ѓоко Зајков), 23. Илија Несторовски (79-та Александар Трајковски); Селектор: Игор Ангеловски.

Најнови вести