Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Сампдорија и Џенова ги одложија мечевите од првото коло во Серија А

Поради трагедијата која однесе повеќе од 40 животи во Џенова, одложени се првите две средби на калчолигашите во италијанскиот шампионат

Италијанската фудбалска федерација официјално соопшти дека натпреварите од првото коло меѓу Сампдорија – Фиорентина и Милан – Џенова се одложени поради трагедијата што се случи пред неколку дена. Мечевите се одложени на барање на двата клуба, а постои и можност да не се одигра цело коло.

Овие две средби со сигурност се одложени, додека за останатите осум сè уште нема информации. Во следните неколку дена ќе се закаже нов распоред, според кој Сампдорија и Џенова ќе можат да ја започнат новата сезона во Серија А.

Најнови вести