Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Капитените на шпанските прволигаши се закануваат со штрајк: Не сакаме да играме во САД

Асоцијацијата на шпански фудбалери се заканува со бунт доколку не се смени одлуката за играње натпревари од домашното првенство во САД

Шпанските фудбалери кои играат во Ла Лига се гневни поради одлуката на Фудбалската федерација на Шпанија да се играат натпревари од домашниот шампионат во САД. На денешниот состанок присуствуваше целата делегација на Асоцијацијата, на чело со претседателот Давид Аганзо, а меѓу присутните беа и познати фудбалери, како Серхио Рамос, Серхио Бускетс, Коке и неколку капитени на шпански прволигаши.

„Фудбалерите се гневни бидејќи ова е еднострана одлука, не смееме да дозволиме вакво нешто да се спроведе без наша согласност. Подготвени сме и да штрајкуваме доколку не се смени одлуката да се играат натпревари на туѓо тло. Ова е непочитување на фудбалерите од страна на Федерацијата“, истакна претседателот Аганзо.

Револтот доаѓа само неколку дена откако беше донесена одлуката да се играат официјални мечеви од шпанското првенство во Соединетите Американски Држави. Кон почетокот на септември, Аганзо ќе се состане со Федерацијата на Ла Лига со цел да ги поднесе силе жалби од фудбалерите, воедно и да дискутираат околу решавање на овој проблем.


 

Најнови вести