Корисничко име Лозинка Пријави се
08.6.2017

Мората ја спаси „црвената фурија“, „аѕурите“ до 3-0 во финишот

Фудбалерите на Шпанија ремизира 2-2 со Колумбија, додека Италија го надигра Уругвај со 3-0 во пријателските натпревари меѓу Европејците и Јужноамериканците.

Шпанија поведе во 22-рата минута, по акциите на Педро Родригес и Давид Силва, но Колумбијците израмнија во 39-тата минута со комбинацијата Хуан Куардадо и Едвин Кардона.
Пресврт им донесе Радамел Фалкао, по проигрувањето на Џејмс Родригес во десеттата минута од второто полувреме.
Колумбијците останаа без победа во Мурсија на три минути  пред крајот, резервниот играч Алваро Мората ја искористи асистенцијата на Саул Њигес за израмнување на резултатот.
Италија рутински го совлада Уругвај во Ница, а поведе со автоголот на Хосе Хименес уште во седмата минута. Уругвај беше во игра до самата завршница, кога го нокаутираа Едер и Даниеле де Роси, со погодоците во 89-тата и во 93-тата минута од пенали.
Шпанија и Италија ја делат првата позиција во групата Г од квалификациите за Светското првенство 2018 година со по 13 бодови од пет кола. Во недела „црвената фурија“ гостува кај Македонија, додека „аѕурите“ го чекаат слабиот Лихтенштајн.
Колумбија е втора со 24, а Уругвај трет со 23 бода во јужноамериканските квалификации за Мундијалот во Русија. Лидер е Бразил со 33.
Следните натпревари се играат дури на 31-ви август, Колумбија ќе гостува кај последнопласираната Венецуела, додека Уругвај ја чека Аргентина.

 

Најнови вести