Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2018

Мурињо прифати условна затворска казна

Португалскиот стратег ќе мора да плати за затаениот данок во Шпанија

Жозе Мурињо се изјасни како виновен и призна дека затаил данок во Шпанија, во времето кога беше тренер на Реал Мадрид. Португалскиот стратег е само уште еден од низата ѕвезди од фудбалскиот свет кој ќе мора да плати данок што го затаил. Претходно тоа го направија и најголемите ѕвезди Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар. 
Додека беше на клупата на Реал Мадрид, Мурињо затаил данок во вредност од 3,3 милиони евра. Тој не плаќал данок за комерцијалните права во периодот од 2011 до 2012 година, кога и беше на клупата на Кралскиот клуб.
Откако го признал делото, Судот во Шпанија реши да го казни со 669.323 евра, но доби и едногодишна условна затворска казна. Условни затворски казни имаат и Роналдо, Меси и Нејмар, кои не смеат да го повторат делото. 

 

Најнови вести