Корисничко име Лозинка Пријави се
04.10.2018

Само Италија има два лидери во групите од Лигата на шампионите

По две кола, во осумте групи првото место го држат екипи од дури седум различни земји

Италија е единствената држава која има две екипи кои се првопласирани во своите групи од Лигата на шампионите во фудбал. Јувентус и Наполи се лидери во своите групи, а и Интер и Рома имаат реални шанси да се пласираат во осминафиналето и да потврдат дека италијанскиот клупски фудбал полека се враќа на старите патеки.

Во второто коло, кое се играше вчера и завчера, сите четири италијански тимови извојуваа победи.

Од друга страна, четирите англиски екипи засега се „резервирани“, и никоја од нив не е прва во својата група. Ливерпул имаше прилика да биде прв во можеби најтешката група во ЛШ, но примениот гол во финишот и поразот од Наполи, му ги расипа сметките на тренерот Јирген Клоп.

Вистински куриозитет е што свој лидер во групите после две рунди имаат Германија, Шпанија, Португалија, Холандија, Франција и Русија. Сликата може да се смени после наредното или во следните две кола, но во моментов постои голема разноликост и тоа е добро за европскиот клупски фудбал.

Најнови вести