Корисничко име Лозинка Пријави се
17.9.2018

Гласајте за вардаровата сензација - Милосављев кандидат за играч на колото во ЛШ

ЕХФ понуди неколку ракометари, меѓу нив и голманот на Вардар, Дејан Милосављев како кандидати за играч на првата рунда во Лигата на шампионите

ЕХФ објави листа на кандидати за избор на играч на првата рунда во Лигата на шампионите, а на неа се наоѓа и вардаровата сензација, Дејан Милосављев.

Во дебито за Вардар во Лигата на шампионите, против европскиот првак Монпелје, Милосављев бранеше феноменално. Одбрани 15 удари, а тоа што го стори во 24. минута со неколкукратна одбрана во ист напад на Французите уште долго ќе се прераскажува. И заслужено ги доби двете признанија, најдобар голман во првото коло од ЛШ и местото во идеалниот состав на првата рунда, а сега може да се закити со уште едно убаво признание и да биде најдобар ракометар на стартот од луксузното натпреварување.

Покрај Милосављев, во конкуренција се Рико Ронберг од финскиот Рихимаен, потоа и Алекс Душебаев од Кјелце, Сигурдсон и Колбахер од Рајн Некар Левен, Гомез од Барселона и Обрановиќ од Мешков Брест.

Гласањето за најдобар ракометар во првото коло од ЛШ е на официјалната интернет страница на ЕХФ.

 

Најнови вести