Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2018

Рајн Некар го доби дербито во ЛШ против Барселона

Германскиот претставник во ракометната Лига на шампиони, Рајн Некар, ја победи Барселона во премиерниот меч од групата А.

Филип Талески се радува на победата на Рајн Некар Левен против Барселона со 35-34 во првиот меч од групата А во Лигата на шампионите.
Нашиот репрезентативец не играше, но неговите соиграчи беа на висина на задачата и успеаја да го победат најтрофејниот ракометен тим на светот.
Германците имаа предност и од 6 погодоци, но на крајот славеа со минимален резултат.
Исланѓанецот Сигурдсон со 6 погодоци го предводеше домаќинот до првата и многу значајна победа во новата сезона во ЛШ. Грецки, Колбахер, Ларсен и Шмид постигнаа по пет голови.
Кај Барселона, но и на мечот, најефикасни со по 8 погодоци најрасположени беа Н`Гесан и Гомез.

 

Најнови вести