Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2018

Диего Коста нема да игра за Шпанија, ќе го замени Аспас

Напаѓачот на Атлетико Мадрид поради семејни причини нема да игра против Англија во Лигата на нациите

Диего Коста поради семејни проблеми ќе го пропушти стартот на новото репрезентативно првенство, Лигата на нациите. Голгетерот на „јорганџиите“ нема да игра за шпанската селекција, а на негово мето селекторот Луис Енрике го повика Јаго Аспас, напаѓачот на Селта Виго.

Шпанија под водство на новиот селектор Луис Енрике ќе игра против Англија (6-ти септември) и Хрватска (12-ти октомври) во Лигата на нации. Коста со сигурност нема да игра против „гордиот Албион“, додека не е познато дали ќе биде на располагање за дуелот со светскиот вицепрвак.

Енрике направи доста промени откако го презеде кормилото. По раниот излез од Мундијалот, местото во репрезентацијата го загубија Коке и Жорди Алба, додека Давид Силва, Иниеста и Пике ја завршија репрезентативната кариера.

Најнови вести