Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2018

Роналдо во сосема поинаква улога како мнозински сопственик се претстави во Валјадолид

Роналдо Назарио де Лима се претстави во Влјадолид во сосема поинаква улога, како мнозински сопственик на управувачкиот пакет-акции кај шпанскиот прволигаш

Валјадолид доби големо засилување во раководните структури на клубот, а денеска и официјално беше претставена легендата на светскиот фудбал, Назарио де Лима Роналдо. Големиот фудбалски ас сега ќе биде во поинаква улога, како претставник на капиталот во Валјадолид, и тоа како сопственик на мнозинството акции во управувачкиот пакет.
„Со заеднички сили ќе се обидеме да го кренеме клубот на едно поинакво и повисоко ниво. Тука сум, пред сè, за играчите, за навивачите и за клубот кој има светла традиција“, изјави Роналдо на официјалното претставување.
Тој објави дека претседателот Карлос Суарез останува на водечката позиција во клубот, а вети натпреварувачки дух, транспарентност во клубот и најави големи проекти за Валјадолид.

 

Најнови вести