Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2018

Берлускони се враќа во фудбалот

Поранешниот газда на Милан во преговори да откупи италијански третолигаш

Експремиерот на Италија и долгогодишен сопственик на Милан, Силвио Берлускони, се обидува да се врати во фудбалскиот свет. Заедно со неговата десна рака, Адријано Галијани, се интересираат околу купување на клубот Монца, тимот кој се натпреварува во Серија Ц.

Некогашниот сопственик на Милан минатата година го продаде петкратниот европски првак на кинески инвеститори, но, по сите изгледи, нема долго да чека за да се врати фудбалскиот бизнис. Според италијанските медиуми, преговорите околу купување на Монца се во тек, додека во следните денови ќе има и подетални информации.

Најнови вести