Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2018

„Џелатот“ на Вардар од Реал Сосиедад се повреди – Вилијан ќе паузира два месеци

Реал Сосиедад ќе биде значително ослабен во следните два месеци и ќе мора да игра без еден од најдобрите играчи Хозе Вилијан

Најдобриот стрелец на Реал Сосиедад, Хозе Вилијан, ќе мора да паузира околу два месеци по повредата на мускулот на ногата на дуелот со Еибар во петокот. 
Во баскиското дерби Реал Сосиедад беше поразен со 2-1, а доживеа уште еден непријатен шок и го загуби Бразилецот во следниот период. Вилијан само што постигна гол од пенал во 15-тата минута на мечот со Еибар, само по 180 секунди се повреди и мораше да го напушти теренот.
Бразилецот од редовите на Реал Сосиедад на македонската јавност ѝ е добро познат по покерот голови што му ги даде на Вардар во меч од Лигата на Европа.
Лани на 19-ти октомври Реал Сосиедад го декласира тогашниот македонски првак со 6-0 на националната арена во Скопје, а Вилијан постигна четири погодоци. И тоа рафално во период од 25 минути, од 34-тата до 59-тата минута. Веднаш по последниот постигнат гол, беше заменет, а публиката во Скопје го поздрави со аплауз за прикажаната игра и ефикасноста.

 

Најнови вести