Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2018

Ванда откри две непристојни понуди за Икарди

Аргентинскиот голгетер летово имал две понуди на маса, и тоа од ривали на Интер

Сопругата на Мауро Икарди, која воедно е и негов агент, Ванда Икарди, откри дека за услугите на неговиот животен сопатник се интересирале два италијански гиганти.

Имено, Ванда откри дека Јувентус преговарал со семејството Икарди околу евентуална преселба, но Аргентинецот одлучил да остане на „Џузепе Меаца“.

„Единствено Јувентус контактираше со нас околу евентуален ангажман, но целта на Мауро отсекогаш беше да остане во Интер. Не ме чуди што Јуве се обиде да го ангажира, сепак, тој редовно ја тресе мрежата на клубот од Торино и е еден од најопасните голгетери на денешницата. Откако ги одбивме, Јуве се насочи кон Роналдо и успеа да го реализира тој трансфер. Со Наполи, пак, само разговаравме, но Мауро без размислување одби да игра во тој клуб“, откри Ванда.

Најнови вести