Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2018

Малком се повреди, следи пауза од десетина дена

Новото засилување на Барселона се здоби со повреда на глуждот, репрезентативната пауза ќе ја користи за брзо закрепнување

Летното засилување на Барселона, Бразилецот Малком заработи повреда на глуждот за време на тимскиот тренинг, па сега ќе мора да паузира околу десетина дена. Офанзивниот фудбалер ќе ја искористи репрезентативната пауза за да го забрза процесто на закрепнување, со цел да биде подготвен за продолжението на сезоната.

Малком засега запиша само еден настап во шпанското првенство, во второто коло во победата над Валјадолид од 0-1, Бразилецот на теренот го замени својот сонародник Кутињо и ги одигра последните седум минути од средбата.

Барселона по репрезентативната пауза ја очекува гостување против Реал Сосиедад на 15-ти септември, а три дена подоцна ја отвораат сезоната во Лигата на шампионите, со дуел против холандскиот првак ПСВ.

Најнови вести