Корисничко име Лозинка Пријави се
11.9.2018

Меч на денот: Хрватска во чест на Ракитиќ ќе ја запира „фуријата“

Фудбалерот на Барселона ќе го одигра својот 100-ти меч во дресот на националниот тим

Шпанците по триумфот на „Вембли“, осоколени и со добро расположение ја пречекуваат Хрватска во дербито на денот во Лигата на нациите. И Хрватите нема зошто да се жалат, со значително изменет состав во однос на СП, каде што беа финалисти, одиграа добро на пријателскиот меч против Португалија. 

Дуелот од групата 4 во најсилното друштво во Лигата на нациите ќе се игра во Елче, со почеток во 20.45 часот. Шпанците во Лигата на нациите тргнаа со победа од 2-1 над Англија , а за светскиот вицепрвак ова е прв меч во новото натпреварување. 

Хрватите покажаа дека психички се многу силни, а на шест меча по ред играа „гол-гол“ (и постигнуваа и примаа). Најголемата сила е средниот ред, предводен од Модриќ и Ракитиќ. Иван Ракитиќ ќе го одигра својот стоти натпревар во дресот на репрезентацијата. 

Последниот меѓусебен дуел на Хрватите и Шпанците се одигра на 21-ви јуни 2016 година, на Европското првенство, кога „коцкестите“ победија со 2-1. Кај Хрватска ги нема Манџукиќ и Ловрен, нови лица се Ливаја, Матеј Митровиќ и Пјаца. 
Шпанија остана без Иниеста и Пике, но има нов селектор, Луис Енрике, кој форсира формација 4-3-3, која е подиректна и не е толку „заглавена“ во многубројните додавања од времето на „тики-така“ играта, но сега и доминацијата во поседот на топката не е толку голема.  

Во понудата на „Спортлајф“, квотите го фаворизираат домаќинот. Коефициентот за „кец“ е 1.70, за „икс“ е 3.55, додека за „двојка“ е 5.25. 

 

Најнови вести