Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

Полански има среќа и кога губи – Како „Лаки лузер“ ги комплетира сите 4 гренд-слема во 2018 година

Петер Полански е најсреќниот тенисер во 2018 година, а вчера се запиша и во историјата на тениската игра, со едно неверојатно достигнување

Канадскиот тенисер Петар Полански има среќа и кога губи, особено во последното квалификациско коло пред настап на главните турнири на четирите гренд-слема. Тој е единствениот тенисер во историјата, што во иста година играл на Австралија опен, Ролан Гарос, Вимблдон и УС опен како „лаки лузер“.
Редум во 2018 година ги губеше мечевите од третото последно коло во квалификациите во Мелбурн, Париз, Лондон и Њујорк, но како по правило и со неверојатна среќа успеваше да се најде на главната сцена на четирите најважни турнири во тениската игра. Таков подвиг пред него нема никој. Полански и вчера загуби во третото квалификациско коло, од Доналд Јанг, но повторно ќе игра во првото коло и на последниот гренд-слем турнир, во Њујорк, на УС опен.
И, досега ги загуби сите три меча од првото коло на Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон во 2018 година, ќе биде апсолутен аутсајдер и против четвртиот носител Александар Зверев во вторник, во стартното коло на УС опен, но подвигот ќе се памети, како уникатен и историски во тенисот.

 

Најнови вести