Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

Ќе се укине Дејвис купот

Утре во Орландо, членките на ИТФ треба да гласаат дали се за новиот предлог

Тениското натпреварување кое трае 118 години, Дејвис купот, најверојатно ќе оди во историјата. Во иднина, машките репрезентации од целиот свет ќе учествуваат во таканаречен Светски куп, за којшто се тврди дека ќе биде попримамлив за играчите, а финансиски покорисен и поисплатлив за тениските федерации. 
Ако 144 членки на Интернационалната тениска федерација утре во Орландо, САД, ја изгласаат промената (потребно е за предлогот да гласаат двотретинско мнозинство), на тој нов Светски куп ќе играат 18-те најдобри селекции на светот, и тој завршен турнир кон крајот на ноември би траел една недела. Меѓу играчите кои предложиле еднонеделен завршен турнир се Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. 
До завршницата би се доаѓало на следниот начин. Во февруари, 24 тима би играле дома или на гости во три добиени како досега, а 12-те победници ќе се пласираат на завршницата. Таму ќе има место и за полуфиналистите од Дејвис купот од претходната година и за две екипи кои ќе добијат вајлд-карти.

 

Најнови вести