Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Јотовски поради повреда го предаде мечот против Ајдуковиќ

Македонецот го заврши ИТФ фјучерсот во Нови Сад по две кола, елиминиран и Дургути

Томислав Јотовски поради повреда, го предаде мечот против квалификантот Дује Ајдуковиќ во второто коло од ИТФ фјучерсот во Нови Сад. Четвртиот носител на овој турнир не можеше да го продолжи мечот при резултат од 1-6, 0-4 за противникот.

Турнирот заврши и за Бесир Дургути, и тој во второто коло загуби од Унгарецот Петер Наѓи со 4-6, 2-6.

Од македонските претставници, останува уште Горазд Србљак, кој во оваа рунда ќе се соочи со Ерги Киркин од Турција.