Корисничко име Лозинка Пријави се
24.7.2018

Федерер го откажа учеството во Торонто

Швајцарецот Роже Федерер, вториот тенисер на светот, објави дека нема да учествува на претстојниот Роџерс куп, кој ова лето се игра во Торонто.

„Многу сум разочаран што ова лето нема да учествувам на Роџерс купот. Ми беше фантастично минатата година во Монтреал и секогаш уживам играјќи пред канадската публика. Но, за жал, морав да го откажам учеството во Торонто“, изјави Федерер.
Швајцарецот два пати славеше на Роџерс купот, и тоа двата пати кога се играше во Торонто, во 2004 и 2006 година. Федерер оваа сезона веќе ја пропушти цела на тврдиот терен, а последниот натпревар го одигра во четврт-финалето на Вимблдон, каде што беше поразен од Кевин Андерсон во пет сета, иако водеше со 2:0.
Мастерсот во Канада на програмата е од шести до 12-ти август.

Најнови вести