Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2018

Каратанчева против Шарапова – „допинг дерби“

Двете беа казнети за земање допинг, а доцна вечерва играат една против друга првпат после осум години

Бугарската тенисерка Сесил Каратанчева, во пресрет на вечерашниот дуел со Марија Шарапова на силниот турнир на тврда подлога во Монтреал, призна дека има нерасчистени сметки со Русинката. Каратанчева преку квалификации влезе на главниот турнир, а ждрепката сакаше таа во првото коло да се сретне со некогашниот женски рекет број 1. 
Сесил и Маша пред повеќе од една деценија, имаа спор. Тогаш, 14-годишната Каратанчева се закани дека „ќе ја растури“ Шарапова, но тоа не се случи во ниту еден од нивните четири меѓусебни дуели. Последен пат една против друга играа во 2010 година во Бирмингем, брзо откако Каратанчева повторно почна да игра за Бугарија, откако пет години настапуваше под знамето на Казахстан.
Во мај 2016, Сесил го критикуваше системот за казнување во тенисот, повторно спомнувајќи ја Шарапова. 
„Мене ме казнија построго за нешто каде-каде поневино од тоа што го правеше Шарапова. Таа десет години земала допинг“ – рече Каратанчева која своевремено беше суспендирана на две години, а санкцијата на Шарапова беше 15 месеци. 

 

Најнови вести