Корисничко име Лозинка Пријави се
02.8.2018

Меѓу 10-те најпопуларни спортови во светот, го нема спортот број 1 во Македонија

Ракометот не е на листата која е направена според бројот на фанови кои се интересираат за тој спорт

Светското првенство во Русија само потврди дека фудбалот е магија која никој не може да ја сопре. Тоа е спортот кој дефинитивно е најпопуларен во целиот свет. Сепак кога ќе се направи пресметка на најпопуларните 10 спорта во светот, тогаш резултатите се помалку чудни за нас.
Истражувањето на „Ворлд Атлас“ донесе пресметка дека ова се 10-те најпопуларни спортови во светот: 
10 – Голф, го следат 450 милиони луѓе во светот, а најмногу е застапен во западна Европа, источна Азија и Северна Америка. 
9 – Рагби, го следат 475 милиони луѓе, а најмногу е застапен во Англија и земјите од Комонвелтот.
8 – Бејзболот го следат 500 милиони луѓе, а најпопуарен е во САД, Јапонија и Карибите. 
7 – Кошарката е распростанета во сите краеви на светот, а ја следат 825 милиони луѓе
6 – Пинг понг се игра во целиот свет, но сепак е најпопуларен во најголемата земја во светот, Кина. Овој спорт го следат 875 милиони луѓе.
5 – Одбојката е најпопуларна во Европа и Северна Америка, но е спорт прифатен на глобално ниво. Затоа има и 900 милиони обожаватели. 
4 – Тенис, една милијарда луѓе го следат тенисот и возбудливите мечеви меѓу најдобрите. 
3 – Хокеј на трева, кај нас речиси и не постои овој спорт, а во светот го следат две милијарди луѓе. Започнал да се игра во Англија, а потоа се распространил во целиот свет. 
2 – Крикет е на второто место со неверојатни 2,5 милијарди љубители. Се игра во Англија, Шри Ланка, Бангладеш, Индија, Пакистан...
1 – На врвот на листата очекувано е фудбалот со преку 4 милијарди следбеници, што е повеќе до половина светска популација, ако се знае дека има вкупно 7,6 милијарди жители на светот. 

 

Најнови вести