Корисничко име Лозинка Пријави се
09.8.2018

Јотовски го декласира Фроули за четвртфинале во Нови Сад

Томислав Јотовски имаше неочекувано лесна задача против австралискиот тенисер Џејмс Фроули и со победа од 6:1, 6:2 се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрс турнирот во Нови Сад

Томислав Јотовски експресно го декласира ривалот од Австралија, Џејмс Фроули, со само три загубени игри, а по победата од 6:1,6:2 го очекува меч за полуфинале против подобриот од дуелот меѓу Киркин и Бутулија.
Нашиот тенисер го оправда епитетот фаворит и како четврти носител се пласира во четвртфиналето на турнирот со награден фонд од 15 илјади долари. И во следната рунда, според ранкингот на АТП листата Јотовски ќе биде фаворит, бидејќи и Киркин и Бутулија се зад него на светската тениска листа.

 

Најнови вести