Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
12.9.2018

ВТА ѝ кажа чао на Јанковиќ, за збогум е рано

Јелена Јанковиќ не фигурира повеќе на светската ранг-листа, а паузата од над една година автоматски ја избриша од ВТА-листата.

Српската тенисерка Јелена Јанковиќ нема играно тенис од лани, кога настапи на Отвореното првенство на САД и автоматски е избришана од рангирањето на ВТА, од светската тениска листа.
Системот на ВТА е таков, а без разлика на успесите на Јанковиќ, таа веќе не фугурира на листата со најдобрите тенисерки на светот.
Србинката сè уште официјално не се повлекла од тениските терени, а интересно е што ВТА мораше да си избрише поранешен број 1. Јанковиќ беше најдоброрангирана светска тенисерка на 11-ти август 2008, или пред малку повеќе од 10 години.
Во кариерата има освоено 16 ВТА-титули, а највпечатлив успех ѝ е настапот во финалето на Отвореното првенство на САД во 2008 година, кога по големата битка, загуби со 4:6,5:7 од Серина Вилијамс.

 

Најнови вести