Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2018

Лесна задача за Федерер на стартот од Отвореното првенство на САД

Петкратниот шампион во Њујорк, Роже Федерер победнички го почна настапот на Гренд слем турнирот Отвореното првенство на САД.

Со 3-0 во сетови (6-2, 6-2, 6-4), 37-годишниот Федерер го победи Јапонецот Јошихито  Нишиока во првото коло на Гренд слем турнирот Отвореното првенство на САД.
Федерер  доминираше на теренот и рутински го победи и елиминира Јапонецот. Во следното коло противник ќе му биде францускиот тенисер Беноа Пер.
Со идентичен триумф од 3-0 во сетови и Кеј Нишикори се пласира во следната рунда. Противник во првото коло на последниот Гренд слем турнир во сезоната му беше Германецот Максимилијан Мартерер.
Кај дамите, во дербито Марија Шарапова со 6-2, 7-6 ја победи Пати Шнидер.

 

Најнови вести