Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2018

Анастастија Севастова е сензацијата на Отвореното првенство на САД

Летонката ја елиминираше ланската победничка и за првпат во кариерата ќе игра полуфинале на Гренд слем

Најпријатното изненадување на женскиот дел од Отвореното првенство на САД се вика Анастасија Севастова. Таа во четврт-финалето ја совлада ланската победничка, Слоун Стивенс, со 6-2, 6-3. Клучен беше осмиот гејм во вториот сет, во кој сервираше Американката, а по долга борба од 7 до 8 минути, го доби Летонката. 
И минатата година Стивенс и Севастова играа четврт-финале на стадионот „Артур Еш“, но тогаш славеше Американката, па ова е сладок реванш за 18-тата носителка на турнирот. 
Севастова, која на 28 години го направи најголемиот успех во кариерата, и во полуфиналето ќе има многу тежок противник, Серина Вилијамс или Каролина Плишкова. 
Сега следува првото четврт-финале кај мажите, а на силното њујоршко сонце силите и знаењето ќе си ги одмерат Хуан Мартин дел Потро и Џон Иснер. 

 

Најнови вести