Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Ѓорческа со пресврт до пласман во второто квалификациско коло на Отвореното првенство на САД

Лина ја елиминираше 200-рангираната американска тенисерка Лорен Дејвис

Лина Ѓорческа се пласираше во следната фаза од квалификациите за последниот Гренд слем за годинава, Отвореното првенство на САД. Нашата тенисерка беше подобра од Лорен Дејвис во мечот кој се одигра во три сета, при резултат од 1-2 во сетови, односно 7-6, 5-7, 3-6.

Ѓорческа веднаш наиде на проблеми при стартот на средбата, нејзината противничка со два брејка стигна до 5-0 во гемови во првиот сет. Лина возврати на ист начин и успеа да се врати на 5-5, сепак, вложениот труд беше залуден откако го загуби сетот во тајбрејк.

Во малку подобро издание во вториот сет, Лина не дозволи повторно да се најде во негатива, па беше изедначено сѐ до 5-5 и потоа со нејзин брејк, израмни на 1-1 во сетови. Во одлучувачкиот сет Ѓорческа тргна фуриозно и со два брејка направи 0-5 во гемови. Дејвис успеа само да ја намали негативата на 3-5, па решавачкиот сет заврши со 3-6 во корист на македонската тенисерка.

Во следното коло Лина ќе игра против хрватската тенисерка Јана Фет, која денес ја елиминираше кинеската претставничка Јухуан Жанг со 2-1 во сетови.


Најнови вести