Корисничко име Лозинка Пријави се
21.3.2018

Федерер, Дел Потро и Вавринка нема да играат во Монте Карло

Роже Федерер, најдобриот тенисер на светот, нема да учествува на третиот Мастерс турнир во Монте Карло, кој стартува на 16-ти април.

Покрај Швајцарецот, на листата пријавени од топ десет го нема Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро, кој минатиот викенд со победата против Федерер во Индијан Велс ја освои првата титула во Мастерс во неговата кариера, како ниту Кевин Андерсон од Јужна Африка.
Во Монте Карло нема да го гледаме ниту Станислас Вавринка, кој поради повреда подолго време е надвор од теренот.
Во Кнежевството на теренот би требало да се врати десеткратниот освојувач на третиот Мастерс во сезоната, Шпанецот Рафаел Надал, а пријавен е и Новак Ѓоковиќ.
Од најдобрите дваесет во Монте Карло нема да бидат ниту Американците Џек Сок, Сем Квери и Џон Иснер, но ниту Австралиецот Ник Киргиос.
Титулата во Монте Карло ја брани Рафаел Надал.

Најнови вести