Корисничко име Лозинка Пријави се
11.7.2017

Организаторите: Натпреварот одложен поради безбедноста на гледачите

По целата расправа која се води околу тоа зошто натпреварот меѓу Новак Ѓоковиќ и Адријан Манарино не е префрлен на Централниот терен туку е одложен за денес, се огласија и организаторите.

Во краткото соопштение на организаторите на Вимблдон како причина за откажувањето на натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Марино е наведена безбедноста на гледачите.
„Безбедноста и сигурноста на посетителите на Вимблдон е од најголема важност. Основната идеја беше натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Манарино да се одигра на теренот број еден, како што е и планирано. Кога тоа веќе не беше изводливо, сфативме дека е невозможно натпреварот да го префрлиме на Централниот терен поради бројот на гледачите коишто останаа на теренот.
Во 21.30 часот во комплексот сè уште имаше 30.000 луѓе и поради тоа преместувањето на натпреварот би било навистина ризично кога е во прашање безбедноста. На играчите им беше објаснето дека најдобро е натпреварот да биде одложен за денес и дуелот е закажан за 13.часот“, се наведува во соопштението.

Најнови вести