Корисничко име Лозинка Пријави се
11.7.2017

Мугуруса: Серина ни остави доста простор

Шпанката Габриње Мугуруса изјави дека во четврт-финалето на Вимблдон против Русинката Светлана Кузнецова очекува судир на шпански стилови на игра.

Во четвртото коло Мугуруса, по пресвртот, ја совлада првата тенисерка на светот, Германката Анџелик Кербер со 4:6, 6:4, 6:4 и по втор пат во кариерата се пласира во четврт-финалето на третиот Грен слем во сезоната.
„Играв агресивно. Тоа е мојот стил. Како и секогаш, сакам да си создавам шанси. Не се надевам на ништо, туку работам“, изјави шпанската тенисерка.
Претходниот пат кога стигна до оваа фаза од натпреварувањето, во 2015 година, играше во финалето, во кое изгуби од Серина Вилијамс. Со оглед на тоа дека помладата од сестрите Вилијамс не игра поради бременоста, новинарите ја прашаа колку се чувствува отсуството на една од најдобрите тенисерки на сите времиња.
„Многумина ме прашуваат за тоа што Серина не е тука и колкава е промената. Очигледно е дека е голема бидејќи таа секогаш е во финалето. Повеќе тенисерки имаат шанса. Претходно беше потешко да се пробиеш, но тоа е нешто што сите го знаат. Но, никогаш не размислувам толку далеку, освен ако сум во финалето. Морам дасе фокусирам само на наредниот натпревар. Толку тенисерки имаа можност да направат нешто големо. Ќе се обидам да бидам реална, не смеам да си дозволам да се занесувам“, додаде Мугуруса.
Во борбата за полуфиналето, Мугуруса ќе игра со Русинката Светлана Кузнецова.
„Се радувам за овој дуел. Игравме на почетокот на оваа година и сите наши натпревари секогаш се тешки. Трениравме заедно многупати во Шпанија. Ако стигнала до овој стадиум од натпреварувањето, значи дека е одлична. Очекувам да биде напорно. Ќе мора да играм како и против Кребер, агресивно. И таа го има тој шпански стил на игра, кој ми се допаѓа. Талентирана е и има добри удари, особено форхенд, а потоа и сервис... Ќе мора да се помачам, ако сакам да победам“, изјави 23-годишната Шпанка.
Дуелот меѓу Мугуруса и Кузнецова се игра денес, од 14 часот.

Најнови вести