Корисничко име Лозинка Пријави се
13.9.2011

Новак Ѓоковиќ го покори и Њујорк

По Отвореното првенство на Австралија и „Вимблдон“, Новак Ѓоковиќ го освои и третиот грем-слем турнир оваа сезона – во финалето на Отвореното првенство на САД го победи Рафаел Надал со 6:2, 6:4, 6:7, 6:1.

Ѓоковиќ во првите два сета губеше со по 2:0, но направи неверојатен пресврт. На крајот на третиот сет сервираше за титулата, но Шпанецот намали на 2:1.
Новак на почетокот на четвртиот сет бараше медицински тајмаут - поради повреда на грбот и првиот сервис му беше многу слаб, но прецизен, и успеа да ја освои титулата со неверојатна игра од основната линија.
Првиот рекет на светот сега има 4.100 бодови предност пред Рафаел Надал, со што го осигури првото место на АТП-листата до крајот на годината. Ѓоковиќ стигна до 27-от трофеј во кариерата, а е петти тенисер кој во една година освои три грен-слем титули.
Му недостасува уште трофејот од „Ролан Гарос“, а по освојувањето на Отвореното првенство на САД, како следна цел го најави освојувањето на трофејот во Париз.
Како и многу други спортисти во САД минатиов викенд, и Ѓоковиќ им оддаде почит на настраданите во терористичкиот напад на Њујорк и Вашингтон на 11-ти септември 2001 година. Српскиот тенисер на теренот на стадионот „Артур Еш“ излезе носејќи капа со ознака на противпожарната единица на Њујорк, а неа ја носеше и на доделувањето на трофејот.

Најнови вести