Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2018

Надал се помачи, но оди понатаму

Шпанскиот тенисер со 3:1 во сетови го победи Басилашвили

Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на гренд слем турнирот САД Опен, откако со 3:1 во сетови беше подобар од Николоз Басилашвили од Грузија. Светскиот рекет број 1 ја имаше контролата на играта и на резултатот во првите два сета, кои ги доби со идентични 6:3. 
Третиот сет беше многу повозбудлив. Грузискиот тенисер покажа стабилност и смиреност, иако веќе ги имаше загубено првите два сета. Се играше тај-брејк, во кој Басилашвили беше подобар со 8:6 во поени и намали на 2:1 во сетови. Третиот сет траеше дури еден час и 16 минути. 
Во четвртиот сет, Надал брзо направи брејк, но Басилашвили не се предаде и тој успеа да освои гем на сервис напротивникот. Сепак, за да се знае кој е број 1 на АТП листата, Надал уште еднаш доби гем на сервис на Басилашвили. На крајот успеа да го добие четвртиот сет со 6:4 и да се радува по три часа и 23 минути поминати на теренот. 
Во четвртфиналето се пласираше и Доминик Тим кој со 3:0 во сетови славеше противо Кевин Андерсон од Јужна Африка. Ноќеска треба да се одиграат уште два меча, а утре попладне да се комплетираат сите учесници во четвртфиналето. 

 

Најнови вести