Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Надал се намачи, но е во осминафиналето

Светскиот рекет број 1 продолжува на САД Опен

Најдобриот тенисер во светот, Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на последниот гренд слем турнир од сезоната, Отвореното првенство на САД. Шпанскиот тенисе се намачи во дуелот против Русинот Карен Хачанов, но на крајот се радуваше. 
По повеќе од четири часа игра, фаворитот се радуваше на победа од 3:1 во сетови (5:7, 7:5, 7:6 и 7:6). Проблемите со десното колено значитело влијаеа врз играта на Надал, кој успеа да се врати иако го загуби првиот сет, а во вторито губеше со 2:4 во гемови. 
Со три гема во низа, Надал поведе со 5:4 во вториот сет, а потоа Русинот израмни на 5:5. Во решавачките моменти на сетот, Надал беше посмирен и го доби со 7:5. Следните два сета се решаваа во тај-брејк, што доволно покажува колку Надал имаше среќа, но и концентрација во решавачките моменти. 
По пет сета игра, во следното коло се пласираше и Кевин Андерсон кој го победи Шапавалов со 4:6, 6:3, 6:4, 4:6, 6:4. Во останатите мечеви кои се играа ноќеска Иснер – Лајовиќ 7:6, 6:7, 6:3, 7:5, Чориќ – Медведев 6:3, 7:5, 6:2, Раониќ – Вавринка 7:6, 6:4, 6:3 и Дел Потро – Вердаско 7:5, 7:6, 6:3.

 

Најнови вести