Корисничко име Лозинка Пријави се
29.6.2012

Сензација на Вимблдон: Надал во аут по второто коло

За вториот тенисер на светската ранг листа ова е втор пат во неговата кариера да е елиминиран во второто коло на Отвореното првенство на Англија.

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е елиминиран во второто коло на Вимблдон, откако загуби од Чехот Лукаш Росол по пет сетови: 6:7 (9:11), 6:4, 6:4, 2:6, 6:4. Со овој пораз паднаа во вода надежите на Надал дека ќе го освои првото место на АТП ранг листата.
Во досегашната кариера, Шпанецот пет пати играше во финалето на Вимблдон, а два пати го освои победничкиот пехар. Во 2005 година беше елимиран во второто коло, а во 2003 година стигна до третото коло.
Лани Надал во финалето на Вимблдон загуби од најдобро рангираниот тенисер на светот, Новак Џоковиќ, кој со тој триумф и дојде до челната позиција на АТП ранг листата.
Чешкиот тенисер, Лукаш Росол, кој е стоти на АТП листата и кој вчера го победи Надал, има дваесет и шест години и никогаш претходно не настапувал во сингл конкуренција на Вимблдон. Минатата година играл во дубл, но бил елиминиран по првото коло.
Во третото коло Росол ќе игра против 27 носител на турнирот, германскиот тенисер Филип Колшрајбер.

Најнови вести