Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2018

Надал ја сопре грчката сензација

Шпанецот е освојувач на Мастерсот во Торонто

Рафаел Надал триумфираше на тенискиот Мастерс турнир во Торонто. Во финалето, шпанскиот тенисер со 2:0 во сетови (6:2, 7:6) го победи Стефанос Циципас. Грчкиот тинејџер беше вистинска сензација на турнирот, успеа да стигне до финалето, но, сепак, не можеше да се спротистави на светскиот рекет број 1 според АТП листата. 
Надал сигурно го започна финалето. Во првиот сет направи два брејка и лесно со 6:2 стигна до 1:0. И вториот сет започна како што посакуваше Шпанецот. Веднаш направи брејк и имаше предност сè до 5:4, кога сервираше за победа. Тогаш Циципас успеа да направи брејк, па сетот мораше да се реши во тај-брејк. Надал покажа поголема смиреност и со 7:4 го доби тај-брејкот за да слави со 7:6 во вториот сет и да се радува на трофејот. 
За Надал ова е четврта титула на Роџерс купот, а вкупно 33-ти трофеј на Мастерс турнирите, а дури 80-ти пехар во кариерата.

 

Најнови вести