Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2018

Надал покажа зошто е број 1 во светот

По голема борба, Шпанецот со 2:1 во сетови го победи Марин Чилиќ

Најдобриот тенисер според АТП листата, Рафаел Надал, се пласираше во полуфиналето на турнирот во Торонто, Канада. По голема борба, Надал со 2:1 во сетови го совлада Марин Чилиќ. Првиот сет го доби Хрватот со 6:2, а тоа како да беше знак Надал да се „разбуди“. Шпанецот ги доби следните два сета со по 6:4 и по два и пол часа борба, се пласираше во полуфиналето, каде го очекува меч против Русинот Карен Хачанов, кој беше подобар од Хасе. 
Со оваа победа, Надал си обезбеди место и на завршниот турнир од годината кој се игра во Лондон, кога традиционално се сретнуваат најдобрите осум тенисери на АТП листата. 
Во Торонто продолжува и сензационалниот настап на Гркот Стефанос Циципас. Некогашниот светски јуниорски првак ќе игра во полуфиналето, откако со 3:6, 7:6, 6:4 го победи Александар Зверев. Претходно пред налетот на 19-годишниот тинејџер падна и Новак Ѓоковиќ. Циципас во полуфиналето ќе игра против Кевин Андерсон од Јужна Африка. 

 

Најнови вести