Корисничко име Лозинка Пријави се
29.1.2018

20-та гренд слем титула за Федерер!

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер ја освои својата 20-та гренд слем титула во кариерата откако во финалето на Отвореното првенство на Австралија го победи Хрватот Марин Чилиќ по пет сетови со 6:2, 6:7, 6:3, 3:6, 6:1.

Федерер го одбрани трофејот во Мелбурн освоен минатата година и стигна до шестата титула во Австралија со што се израмни со Новак Ѓоковиќ и со Рој Емерсон.
Тој се приклучи во ексклузивниот клуб заедно со Маргарет Корт, Серена Вилијамс и Штефи граф кои се единствени тенисери кои имаат освоено најмалку 20 гренд 
Чилиќ ја пропушти шансата да ја освои втората титула од големите турнири по Отвореното првенство на САД 2014 година, но стана прв Хрват кој стигна до финалето во Мелбурн. Тоа беше нивни десетти меѓусебен дуел и одма победа на Швајцарецот.
„Ова е неверојатно долг ден. Полесно е кога играте претпладне, спиете, излезете на терен, дадете сè од себе и тоа е тоа. Кога ќе дојдете до големото финале во текот на целиот ден размислувате за тоа што ќе се случи, каков тек ќе има мечот. Ова за мене е вистинска бајка која трае, и за мене лично и за мојот тим, после одличната мината година која ја имав ова е неверојатно“, изјави Федерер по финалето.

Најнови вести