Корисничко име Лозинка Пријави се
08.5.2018

Леброн го растури Торонто за финале, Филаделфија намали на 3-1

Кошаркарите на Кливленд кавалирс се пласираа во финалето на Истокот во плејофот на НБА-лигата четврта година по ред.

Кавалирс втора сезона во низа го растури Торонто со 4-0 во серијата, декласирајќи го најдобриот тим од регуларниот дел на сезоната во конкуренција со 128:93 во четвртиот натпревар.
Како и во текот на целата серија, незапирлив беше Леброн Џејмс со 29 поени (12/19 од игра), 11 асистенции и осум скокови.
Најдобро го следеше Кевин Лав со 23 поени и шест фатени топки, 16 поени додаде Кајл Корвер, 15 Џеј-Ар Смит, а 12 Џорџ Хил.
Најефикасен во тимот на Репторс беше Јонан Валанчунас со 18 поени, по 13 постигнаа Демар Дерозен и Си Џеј Мајлс, додека 12 постигна Серж Ибака.
Целосно потфрли Кајл Лаури, кој постигна само пет поени и десет асистенции.
Кавалирс ќе имаат доволно време да се одморат бидејќи Филаделфија севентисикерс го победи Бостон селтикс со 103:92 и намали во втората полуфинална серија на Истокот на 3-1.
Уште едно чистење во Конференцијата спречи Ти Џеј Меконел со 19 поени, седум скока и пет асистенции, погодувајќи ја веројатно клучната тројка на натпреварот.
Учинок со толкав број поени имаше и Бен Симонс, кој додаде и 13 скокови и пет асистенции.
Најефикасен беше Дарио Шариќ со 25 поени, осум фатени топки и четири проигрувања, додека Џоел Ембид додаде 15 поени и 13 скокови.
Селтикс ги предводеше Џејсон Тејтум со 20 поени, 17 додаде Маркус Морис, 14 Маркус Смарт, 11 постигна Тери Рози со осум скока, додека Ал Хорфорд е единствен кој стигна до дабл-дабл со по десет поени и фатени топки.
Никогаш во историјата на плејофот на НБА некој тим од Истокот не успеал да се пласира во финалето по 0-3 во полуфиналето. Петтиот натпревар во серијата на програмата е утре.

Најнови вести