Корисничко име Лозинка Пријави се
17.7.2017

Роже пред Новак на АТП-листата

Роже Федерер, освојувачот на Вимблдон, напредна две места и на најновата листа на најдобрите тенисери на светот ја зазема третата позиција. Исто така, Федекс е дури трет играч по Рафаел Надал кој обезбеди место на Завршниот мастерс во Лондон.

Швајцарецот на АТП-листата го замени местото со неговиот земјак Стен Вавринка, додека Британецот Енди Мареј, Шпанецот Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ги задржаа првата, втората и четвртата позиција.
Хрватот Марин Чилиќ, финалистот на третиот Грен слем турнир во сезоната и понатаму е шести, од Топ 10-те испадна Жо-Вилфред Цонга, а на негово место дојде Григор Димитров.


Топ 10
1. (0) Енди Мареј (Велика Британија) 7.750
2. (0) Рафаел Надал (Шпанија) 7. 465
3. (+2) Роже Федерер (Швајцарија) 6.545
4. (0) Новак Ѓоковиќ (Србија) 6.325
5. (-2) Стен Вавринка (Швајцарија) 6.140
6. (0) Марин Ќилиќ (Хрватска) 5.075
7. (+1) Доминик Тим (Австрија) 4.030
8. (+1) Кеи Нишикори (Јапонија) 3.740
9. Милош Раониќ (Канада) 3.310
10. (+1) Григор Димитров (Бугарија) 3.160

Најнови вести