Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Торонто се согласи: Серџо Скариоло ќе остане на кормилото на Шпанија

Репторс му дозволи на својот нов асистент да го задржи селекторското место во „црвената фурија“

Селекторот на шпанската машка кошаркарска репрезентација, Серџо Скариоло, ќе продолжи да ја води „фуријата“ и покрај новиот ангажман како асистент во таборот на Торонто репторс.

Кошаркарската федерација на Шпанија заедно со раководството на франшизата на НБА донесоа решение во пресрет на ангажманот на Скариоло. Торонто се согласи и му дозволи на италијанскиот стратег да го испочитува до крај договорот со репрезентацијата на Шпанија, а воедно ќе ја извршува задачата како десна рака на Ник Нурс.

Скариоло се огласи преку социјалните мрежи за добиената доверба на двете страни: „Среќен сум што дoбив можност до крај да го испочитувам договорот со репрезентацијата на Шпанија, но воедно и се радувам на новиот предизвик во Торонто. Ќе ја оправдам довербата на двете страни така што еднакво ќе бидам посветен на двете работни позиции“.

 

Најнови вести