Корисничко име Лозинка Пријави се
14.6.2017

Надал нема да игра во Квинс

Рафаел Надал се повлече од турнирот во Квинс и на Вимблдон ќе пристигне без подготвителниот турнир на тревата.

Рафаел Надал, шампионот на Ролан Гарос, изјави дека одлучил да го послуша советот на лекарите и да направи пауза пред настапот на третиот Грен слем во сезоната, па ќе го пропушти турнирот во Квинс.
„Многу ми е жал што морам да го пропуштам турнирот во Лондон. Многу сум тажен што морав да донесам ваква одлука бидејќи многу сакам да играм во Квинс. Победив во 2008 година, но секојпат кога доаѓав до финалето на Вимблдон, пред тоа играв на Квинс. Знаете, кога имате 31 година и по сите емоции кои ги доживеав во текот и по Ролан Гарос, одлучив да го послушам советот на лекарите и да му дозволам на своето тело да се одмори. Мислам дека тоа ми е потребно доколку сакам на вистински начин да се натпреварувам на Вимблдон“, изјави Надал.
Турнирот во Квинс, како и секоја година, ќе собере голем број најдобри тенисери, а оваа година тука ќе биде најдобриот тенисер на светот, Енди Мареј, како и финалистот на Ролан Гарос, Станислас Вавринка.

Најнови вести