Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2013

Вимблдон вчера се испразни

На третиот ден од Гренд слем турнирот во Вимблдон, кој ќе биде запаметен како еден од најлудите денови во тениската историја, дури седум поранешни светски прворангирани тенисери и тенисерки го напуштија турнирот.

Меѓу елиминираните се Роже Федерер, вториот носител кај тенисерите, и Марија Шарапова, третата носителка кај тенисерките, а уште шестмина други големи тенисерски имиња се повлекоа поради повреди. Седуммина од тие што вчера го напуштија турнирот се поранешни рекети број 1.
 Викторија Азаренка се предаде без игра, Каролине Вознијацки загуби, Ана Ивановиќ и Јелена Јанковиќ потфрлија, а Лејтон Хјуит беше поразен.
Најмногу изненади елиминирањето на Марија Шарапова од 20-годишната Мишел Ларшер де Брито, како и поразот на седумкратниот освојувач Роже Федерер од Украинецот Сергеј Страховски, 116-от тенисер на светот.
Поради повреди не настапија: Марин Чилиќ, Жо-Вилфред Цинга, Радек Степанек, Џон Иснер и ѕвездата од првиот ден кој го елиминираше Рафаел Надал, Стив Дарсис.
Од големите фаворити во игра остануваат уште: Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј, Давид Ферер, Томаш Бердих, Хуан Мартин дел Порто и Ришар Гаске.
Од женските тенисерки, седум од 13 носителки настапот го завршија само по три дена, па на Серена Вилијамс кон освојувањето на нејзината шеста титула на Вимблдон проблеми може да ѝ направат само Агнешка Радванска, Ли На, Анџелик Кербер и Петра Квитова.

Најнови вести