Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2017

Федерер: Бев внимателен со движењата поради грбот

Роже Федерер, третиот носител и според мислењето на многумина првиот фаворит за освојување на последниот Гренд слем на сезоната, Отвореното првенство на САД, на стартот се мачеше против домашниот тенисер Френсис Тијафо, а како причина за ваквиот старт ги истакнува проблемите со грбот.

„Навистина побавно влегов во натпреварот. Не се движев добро, очите не ми работеа, имав погрешни процени. Мислам дека бев малку повнимателен со движењата. Уште од Монтреал фокусот на подготовките за овој турнир најмногу е на грбот. Од вториот сет работите почнаа да доаѓаат на свое место. Тоа беше добро, но не и најдобро. Имав доста осцилации. А и Френсис одлично одигра“, изјави Федерер.
Бидејќи го спомена грбот, логично беше прашањето дали го почувствувал по маратонот од пет сета.
„Не сум го почувствувал и среќен сум поради тоа како се чувствував. Се надевам дека од ден на ден ќе биде сè подобро. Мислам дека од овој натпревар можам да извлечам многу позитивни работи“, додаде швајцарскиот тенисер.
Федерер во наредната рунда ќе се сретне со победникот на натпреварот Кавчич – Јужни.

Најнови вести