Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2018

Федерер и Ѓоковиќ без проблеми на стартот во Мелбурн

Швајцарецот Рожер Федерер успешно ја почна одбраната на титулата на турнирот на Отвореното првенство на Австралија.

Федерер на стартот со 3-0 во сетови го совлада Словенецот Алјаж Бедене. Првиот сет го доби со 6-3, вториот со 6-4, а ниту во третиот немаше многу проблеми и го освои со 6-3. Во следното коло швајцарскиот ас ќе ги одмери силите со германскиот тенисер Јан–Ленард Штруф.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови беше подобар од американскиот тенисер Доналд Јанг. Ѓоковиќ брзо ја заврши работата и славеше со 6-1, 6-2, 6-4. 
Во следното коло пласман обезбедија и Вавринка, Гаске, Гофан, Квереј, а елиминиран беше Милош Раониќ, кој загуби од Лукаш Лацко од Словачка со 6-7, 7-5, 6-4, 7-6.
Кај женските претставнички, Симона Халеп многу лесно ја совлада Дестани Ајава со 7-6, 6-1, а Андреа Петковиќ во драматичен меч со 2-1 во сетови (6-3, 4-6, 10-8) ја елиминира Петра Квитова.

Најнови вести