Корисничко име Лозинка Пријави се
15.2.2012

Србија дефинитивно без Ѓоковиќ во Чешка

Богдан Обрадовиќ, селекторот на тениската репрезентација на Србија во Дејвис купот, потврди дека „орлите“ во Чешка ќе патуваат без Новак Ѓоковиќ кој ќе го прескокне овој меч, исто како првото коло во Ниш.

„Сигурно нема да игра, бидејќи договорот е во овој момент од сезоната да се концентрира на гренд слем турнирите и Олимписките игри“, рече Обрадовиќ потсетувајќи дека во Чешка се игра меѓу две серии на големите турнири на кои Ноле ја брани титулата.
За Ѓоковиќ четврт-финалниот дуел паѓа во многу незгоден момент, по три последователни турнири, во Дубаи, Индијан Велс и Мајами.
Пред тоа се играат дури три Мастерс 1.000, во Монте Карло, Мадрид и Рим, два гренд слема, „Ролан Гарос“ и „Вимблдон“, и олимпискиот турнир, а по нив на ред доаѓаат Торонто, Синсинати и Ју-Ес опен и дури потоа најдобриот спортист на планетата ќе дојде до здив.
Селекторот вели дека тимот на Србија и без бројот 1 е многу силен и никогаш не е аутсајдер.
„Шансите со Чесите се 50:50, секој може секого да го добие. Со тоа што тие ќе имаат поголем притисок. Домаќини се, публиката ќе бара победа, ние ги елиминиравме пред две години во полуфиналето“, рече Обрадовиќ.

Најнови вести