Корисничко име Лозинка Пријави се
08.7.2013

Мареј го победи Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон

Британецот Енди Мареј триумфираше на годинешниот Вимблдон откако во финалето го совлада светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ со 3:0 во сетови - 6:4, 7:5, 6:4.

Мареј беше подобар во текот на целиот меч, помалку грешеше и ја користеше секоја прилика за брејк.
Со победата Мареј влезе во историјата на британскиот тенис - Велика Британија чекаше 77 години име на еден домашен тенисер да биде испишано на трофејот на најпрестижниот турнир на светот.
Последен домашен тенисер кој го освои Вимблдон беше Фред Пери во 1936 година, па затоа еуфорија владееше во Лондон за време на мечот, а особено по последниот одигран поен и победата на Мареј.
Ѓоковиќ нервозно го отвори мечот, по што му допушти три брејк топки во првиот гем, кои успеа да ги спаси, но веќе во третиот гем Мареј направи брејк што беше доволно да ја задржи предноста во првиот сет. Во вториот Србинот се созема, имаше предност од 4-1, но тогаш почна лошо да сервира, по што Мареј се врати и со 7-5 го доби и вториот сет.
Во третиот сет Мареј поведе со 2-0, Ѓоковиќ се врати со 4-2, но тоа беше сè што успеа да направи и Шкотот ги доби последните четири гема во серија.
Во финалето на женскиот турнир, Французинката Марион Бартоли ја освои титулата откако беше подобра од Германката Сабине Лисици со 2:0 – 6:1, 6:4. Ова за Бартоли е прва Грен слем титула до која дојде без изгубен сет. Во финалниот меч Бартоли лесно го доби првиот сет и на Германката и препушти само еден гем,а вториот сет беше понеизвесен, но сепак Французинката стигна до престижниот пехар.

Најнови вести